6 финти за што се можете да ја користите пластичната фолија


Пластичната фолија може да биде покорисна отколку што мислите. Ако се селите, го преуредувате станот или сакате да ја сочувате храната, фолијата може да послужи како решение за секој домашен проблем, а единствено што ви е потребно е малку фантазија и неколку корисни совети.

Пластичната фолија може да ја употребувате на разни начини.

1. Заштитете ги работите при селење

Акп планирате преселба убаво размислете за пакување на работите за да не ги оштетите при транспорт. Токму тој проблем ќе го решите со фолија. Предметите како стаклени чаши, садови и здели, замотајте ги со пластична фолија. Таа ќе ги заштити од кршење и сите предмети ќе останат целосни.

2. Рачка за пакети

Исечете подолго парче од фолијата и цврсто замотајте го во коноп. Конопот од секоја страна замотајте го околу пакетот, а краевите врзете ги во чвор. Рачките од фолија нема да се лизгаат, многу се цврсти и поднесуваат голема килажа.

3. Фолијата ја чува влагата

Ако го преуредувате станот што вклучува и фарбање на ѕидовите, подготовката е многу важна. Освен што со фолија може да ги заштитите кваките на вратите, таа може да послужи за замотување на валјакот за фарбање на ѕидовите. Ако требе да продолжите со фарбање и следниот ден, не го мијте валјакот туку замотајте го со фолија што ќе ја сочува влагата и бојата ќе остане свежа.

4. Декорирајте ги ѕидовите

Ако сакате да испробате нешто ново и оригинален примерок на ѕид послушајте го овој симпатичен совет. Поголемо, лесно истуткано парче пластична фолија притиснете го лесно на свежо офарбан ѕид, и одлепете. Фолијата на ѕидот ќе остави многу интересен, асиметричен и оригинален примерок. Постапката повторете ја на цел или само на еден дел од ѕидот.

5. Направете мини стакларник

Искористете ја пластичната фолија како заштита за вашето штотуку посадено семе. Со фолија прекријте го садот или вазната во која сте засадиле семе што на вашата идна билка ќе и осигури доволно влага и топлина потребна за раст. Од време на време откријте ја фолијата за да не се фати мувла.

6. Фолија за коса

Фолијата може да биде многу корисна и кај триковите за разубавување. На измиена, мокра коса нанесете многу регенератор. Косата убаво замотајте ја со фолија и оставете така да отстои 15 до 30 мин. Фолијата ќе послужи како фризерска хауба, а вашата коса повторно ќе биде мека и сјајна.

Андријана Станојовска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1