Утрешен Ден нема да излезе откако новинарите денеска колективно, во знак на револт поради неисплатени плати, ја напуштиле редакцијата и ги избришале сите денешни текстови што ги напишале, пишува порталот Мкд.мк.
Новинарите веќе три месеци работат без плата, но денеска тие го загубија трпението и револтирани ги напуштија своите работни места.
Ден е релативно нов весник во македонскиот медиумски етер, почна да излегува во март годинава.