Владата објави продажба на некогашниот гигант Салавија. На вработените им е понудено раздолжување и исплата на заостанатите плати на рати.
Тие се изненадени од договорот бидејки наместо да ги добијат сите пари што им се должат заклучно со оваа година, од моменталната управителка на компанијата добиле спогодбен договор за исплата на плати само до 2000 -та година.
Вработените се зачудени како може владата да поседува 98 % од акциите на А.Д. Славија кога работниците се сопственици на повеќе од 50% од акциите на фирмата.
Врз основа на правосилна судска пресуда Агенцијата за конфискација одзема 4285 акции од Кирил Кочовски, поранешен управител на Славија кој фирмата ја оштетил за повеќе од еден и пол милион евра. Според проценката направена од бирото за судски вештачења имотот на комопанијата изнесува околу 25 милиони евра. Долгот на доверитрелите и вработените според владиниот портпарол изнесува 17 милиони евра.
На пеколни температури цело лето работниците од некогашниот трговски гигант Славија си ги бараа заостанатите плати со камата. Не само пред вратите на компанијата протестираа и пред владата бараа средба и со ресорните министри но таа никогаш не се оствари.