Две моќни растенија за силен и моќен мозок


Во природата постојат многу билки кои можат да ни помогнат за бистро и стабилно размислување. Денес ќе ви претставиме само две, доволно моќни да им конкурираат на сите останати, а еве за кои зборуваме.

Гинсенг

Гинсенгот е древно растение кои во Азија се користи за многу цели, најчесто како тоник или како растение за јакнење на имунитетот. Се користи и за зараснување на рани, намалување на стрес, одржување на будност, подобрување на работната способност и слично.

Гинсенгот е и лабораториски испитуван, а резултатите направени врз лабораториски глувци биле изненадувачки. Имено, 20 мг гинсенг по килограм телесна маса внесен орално покажал изненадувачки позитивни резултати врз меморијата, стабилноста на мозокот и размислувањето.

Доколку правилно се употребува, гинсенгот е безбеден за користење и се дава како додаток во исхраната, а не како лек. Сепак, забележани се низа нус појави кои вклучуваат хипертензија, дијареа, несоница, вагинално крварење и друго.

Гуарана

Гуараната е растение од фамилијата Sapindaceae, расте т.е. се одгледува во Венецуела и Северен Бразил. Гуараната често се користи во енергетските пијалоци, а може да се сретне и во препаратите за слабеење.

Спроведените истражувања покажале дека гуараната има одличен ефект во подобрувањето на концентрацијата, помнењето и стабилноста на мозокот. Освен ова, докажано е дека гуараната ги подобрува и физичката кондиција и телесната издржливост.

За здравје

Андријана Станојовска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1