Екс шефот на албанските разузнавачи, осуден за апсење на наводно вмешани во атентат на Глигоров


Албански суд го осуди поранешниот шеф на разузнавачката служба, кој се наоѓа во бегство, за убиство од 1995 година на незаконски уапсен осомничен за наводен заговор за атентат на поранешниот македонски претседател Киро Глигоров, пишува Мкд.мк.


Илир Кумбаро, во отсуство, е осуден на 15 години затвор. Според обвинението тој пред 17 години го киднапирал бизнисменот Ремзи Хоџа, етнички Албанец од Македонија, заедно со двајца други осомничени кои наводно заговарале да го убијат тогашниот претседател на Македонија, Глигоров, за време на негова посета на Албанија. Судот изјавил дека тројцата осомничени биле незаконски притворени и биле измачувани за време на испрашувањето.

Кумбаро уште во 1996 година со лажни документи избегал во Велика Британија, тврдејќи дека е бегалец од Косово. Од него веќе нема трага цела година, откако не се појавил на сослушувањето за екстрадиција во Лондон. Хоџа се води како исчезнат и се претпоставува дека починал во притвор.

За време на судењето било докажано дека Хоџа и двајцата други осомничени, Авдиљ Лошај и Зисо Кристопули, биле одведени во објект на тајната полиција во областа Леж, 65 километри северно од главниот град Тирана. Тие никогаш не биле формално обвинети за заговор против Глигоров во Македонија, а Лошај и Кристопули биле пуштени по еднонеделниот притвор.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1