14 лица загинаа, а 47 се повредени при експлозија на „монголски лонец“, во ресторан во Кина.
„монголски лонец“ е традиционален реквизит за подготовка на кинеска храна. Во многу ресторани во овој лонец гостите сами готват на масата. Тоа е голем сад кој се грее на гас или на јаглен.
По експлозијата на „монголски лонец“ во градот Џинжонг се раширил пожар во ресторанот од кои 6 лица починале на лице место, а 8 им подлегнале на повредите во болница. Меѓу 47-те повредени, 17 се со тешки изгореници.