Кинезот Ки Шилу пред 27 години пронашол напуштено бебе во јавен тоалет и поради тоа што немал срце да го остави, го земал со себе.
Девојчето кое се родило со церебрална парализа, било згрижено од страна на Шилу, кој пак поради тоа што немал доволно средства за да го издржува целото семејството, бил принуден да продаде една од своите ќерки. Сите биле изненадени од ваквиот потег, но грижата на совест кај Шилу била до тој степен, што тој не можел да ја продаде малата Хијајуан, која што до ден денес е оневозможена да се движи.
„Морав да го сторам тоа. Судбината на малата Хијајуан се поигра со нејзе. Таа веќе беше оставена. Дали мислите дека ако се обидев да ја продадам нејзе, наместо мојата родена ќерка, некој ќе ја купеше. Кој би сакал болно дете кое не може да се движи“, изјавил Шилу.
Тој бил принуден секој ден да ја носи во школо, поради неможноста да и купи количка.
„Мора да се образува. Што ќе работи кога ќе не нема нас. Мора да има барем основно образование“, изјавил Шилу.
Во моментов Шилу е прекрасна жена, но и покрај тоа што не може да се движи, таа може да готви и да се грижи за себе, заедно со помош на нејзините родители.
Продажбата на деца, и одрекувањето од нив, останало во потсвеста кај голем број на жители во оваа земја и по укинувањето на законот за забрана на едно дете.