Нострадамус и неговите предвидувања за третата светска војна (Видео)


Светскиот авторитет за пророштвото и Нострадамус, Џон Хју излезе во јавноста со свои видувања за забрзаниот тек на настани, за кои тој мисли дека укажуваат на почеток на нова светска војна.

Тоа е периодот кога Сатурн и Марс се подеднакво жешки, воздухот е сув, почестиот број на комети кои минуваат покрај земјата, честите пожари, топли ветрови, текот на војните и рациите низ целиот свет.
„И двете планети и Сатурн и Марс, во моментов астролошки прикажано се наоѓаат во знакот на Лав и во моментов нашата планета е под интезивен топлотен бран“ вели Џон. Светската војна како што ја гледа тој, е различна од претходните светски војни. Таа е подолга за разлика од претходните и трае речиси повеќе од 30 години. Таа е како експлозивен блесок кој на моменти згаснува, но потоа наеднаш повторно се појавува.

Џон е познат по неговите пишани дела за окултното, парапсихологијата, мистицизмот и пророштвото. Неговите дела се едни од најпродаваните, во кои спаѓаат и новиот милениум, Милениумската книга за Пророштва, Последниот Папа, и Визиите и Пророштвата за Второто доаѓање.

Неговите дела се објавени на 18 јазици и се продадени над еден милион копии ширум светот. Тој се има појавено на повеќе од 700 радио и телевизиски емисии на три континенти.

Третата Светска Војна е хипотетички конфликт кој што се наследува од Втората светска Војна. Конфликтот ќе биде на глобално ниво и најверојатно во истиот ќе биде употребено нуклеарно оружје кое што би можело да придонесе до деформација на природата.
Предвидувањата постоеја и пред почетоците на претходните две Светски војни кои беа планирани од страна на воени и цивилни власти. Концептите воглавно се движеле да се користи ограничена употреба на атомско оружје, за да не дојде до уништување на планетата.


Познати експерти и професори на реномирани Универзитети, говорат за тоа дека борбата против тероризмот не може да се смета за светска, поради тоа што е еден вид на спроведување на законска опеарација. Како што е случајот со инвазијата на Авганистан. Истите тие го возвраќаат ударот, на оние кои сметаат дека третата светска војна е веќе започната со ваквите мини конфликти, на начин, дека ако ова, за загрижените претставува Трета светска војна, тогаш уште повеќе треба да бидат загрижени за тоа како би изгледала четвртата светска војна.

Неколкуте војни кои што се случија на далечниот исток во изминативе неколку децении не можат да се окарактеризираат како светски. Ако тоа е случај, тогаш сегашната глобална војна против тероризмот би требала да се окарактеризира како четврта по ред, затоа што претходно беше изведена „студената војна“ смета Елиот Коен директор за стратешки студии на Пол Нитз факултетот, за напредни меѓународни студии при Универзитетот Џон Хопкинс
Во една книга напишана од заменик секретарот за одбрана на Америка, Џед Бабино има напишано, „Четвртата светска војна ќе биде терористичка војна, додека војната со Кина ќе биде Петта“.

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1