Фатмир Љимај зад решетки – обвинение и 30 дена притвор


Поранешниот командант на ОВК и пратеник во косовскиот парламент Фатмир Љимај вчера откако самиот дојде во зградата на Врховниот суд во Приштина, остана зад решетки.

Според информациите тој и уште 3 поранешни припадници на ОВК се обвинети и одреден им е 30 дневен притвор. Освен Љимај уапсени се и Неџми Красниќи, Насер Красниќи и Насер Шаље. Обвинението го поднесе тужителот на Еулекс Маурицио Салустро.

Обвинението е за воени злосторства извршени во логорот Клечка над цивили од српска и неалбанска националност како и врз припадници на српската војска и полиција во текот на 1998. година“, соопштуваат од Еулекс.

Освен за воени злосторства тој се товари и за злоуптреба на службената положба и за организиран криминал направен во времето додека бил министер за телекомуникации и сообраќај.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1