Секое петто машко има таен Email


 

Поради избегнување на кавгите, 77 % од мажите редовно ги бришат совите СМС пораки на својот телефон, а 2/3 од нив не сакаат да го делат пасвордот со својата партнерка, покажува најновата ИТ студија.


На тој начин сметаат дека ја штитат својата приватност, а поради дополнителната сигурност, секој петти маж има таен мејл, кој не го споменува на својата поубава половина.
Таквите тајни имејл адреси и други профили, најчесто им служат за допишување со поранешната девојка, или пак со некои кои нивната сегашна партнерка не ги сака.
Додека кај некои танственоста е добронамерна, други намерно инсистираат на неа, со цел да спречат нивната партнерка да не дознае за нивните љубовници или пак финансиските извештаи.
Еден од дванаесет мажи поседува и дополнителен мобилен, за кој партнерката не знае, како би можел полесно да комуницира со љубовницата.
Според водачот на студијата Ходџ, 18 % од мажите имаат грижа на совест и ги бришат фотографиите и порно материјалите, сметајќи дека тоа воопшто не би им се допаднало на нивните партнерки.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1