Скопје ќе остане без парно – Макпетрол ја прекина испораката на гас за Топлификација поради долг


Макпетрол денеска соопшти дека од утре ќе ја прекине испораката на мазут и природен гас кон компанијата „Производство на топлина“ која е фирма ќерка на топлификација, бидејќи должела 105 милиони денари.

,,За можните последици по снабдувањето на граѓаните и стопанските субјекти со топлинска енергија ,,Макпетрол” АД Скопје нема да сноси никаква одговорност, бидејќи потегот е изнуден заради заштита на интересите на акционерите на Макпетрол АД Скопје, се наведува во соопштението.

Макпетрол за ова ја известил и Владата на Република Македонија, а се очекува во секој момент со став да излезе и Топлификација, пишува Фактор.мк.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1