Полицијата во Германија уапсила маж кој и нанел тешки повреди на неговата трудна сопруга, откако и истурил запалива течност и ја запалил.
Овој 51 годишен маж, чие име не е објавено, е соочен со обвинение за обид за убиство, по несреќата во неделата вечерта во Дортмунд. Гостите во кафичот каде што се случил целиот настан, успеале да ја спасат 33 годишната трудница. Таа била хоспитализирана со тешки повреди. Полицискиот портпарол изјави дека засега причините се непознати за ваквото дело, но дополни дека жената и нејзиното бебе, не се во животна опасност.