Цигано-скопјаните ќе ги нема -„Златна зора” до Македонија


Ако влеземе во владата ќе станете минато – овие закани до Македонија ги упати пратеникот Илијас Панајотарос од грчката про-фашистичката партија Златна Зора, во жестоката дебата во грчкиот парламент, јави Телевизија Канал 5.

„И да знаат дека оваа фалсификувана држава на цигано-скопјаните многу брзо ќе стане минато, ако тоа не се случи од внатрешните превирања, ќе се случи од сигурното зголемување на рејтингот на Златна зора која набргу ќе биде во владата”, рече Илијас Панајотарос, пратеник од Златна зора.

тој дури му се свртел и на заменик-министерот за надворешни работи, Константинос Циарас прашувајќи го зошто не ословува со поранешна југословенска Република Македонија, а не со Скопје.
Заменик министерот за надворешни Циарас му одговара:
„И Скопје, ја споменав и како Скопје, во еден дел на еден начин во друг дел на друг”.

Пратеникот на „Златна Зора” упати пораки до грчката влада.
„Сложеното име е еднакво на предавство. Тоа е факт и Златна зора, нема во никој случај да остави да се исполни и да стане реалност било каков договор каде што би постоел изведен збор или било какво друго сложено име со терминот Македонија”, рече Панајотарос.

Расправата во грчкиот парламент беше за употребата на терминот Македонија за трговските производи и компании од нашата земја, по барање на златна зора.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1