Грејем Хјуз 33 годишен авантурист од Ливерпул постави рекорд така што стана првиот човек кој стапнал во секоја земја во светот. Бил во 201 земја, а воопшто не користел авион.
Поминал 257.495 километри за 1.426 дена, патувал само со автобус, такси, воз или пешки – неделно трошел само 100 долари. Својата експедиција ја нрекол Одисеја.
Тргнал од Уругвај на 1 јануари 2009 година – Македонија била 65-та земја која што тој ја посетил. Последната земја на списокот била Јужен Судан. Патувањето не секаде му било пријатно – бил во затвор една недела во Конго, на Филипините одвај успеал да се спаси од муслиманските фундаменталисти, русите мислеле дека е сака да се шверцуа нелегално во земјата.
додека патувал дознал и дека неговата сестра, која боледувала од рак, починала. Но знаел дека сестраму нема да сака да го прекине подвигот поради неа и затоа продолжил.
За овие три години видел се и сешто – танцувал со домородците, се дружел со орангутани.
посетил 193 земји членки на Обединетите Нации, како и Палестина, Западна Сахара Авганистан, Северна Кореја, Ирак и други, а неговиот подвиг го призна и Гинисовата книга.
своето патешествие и го снимал и снимките ги поставувал на интернет. Еве дел од нив.