Полицијата во Велес вчера го уапси Г.К.(28) од Велес познат нарко дилер и осомничен организатор на транспорти на хероин на релација Република Македонија – западна Европа.
МВР денеска соопшти дека на 03.11.2012 година, од страна на ОНТД е реализиран случај на недозволена трговија со хероин, при што на граничниот премин Табановце на излез од Македонија беа запленети половина килограм наркотична дрога хероин. При претресот на багажот на патникот К.А.(22) од Штип кој патувал со автобус од Македонија до Австрија, во долниот дел на ранецот (дупло дно) кој го носел со себе била пронајдена наведената количина на хероин.
Од спроведената истрага е утврдено дека организатор на транспортот на хероинот е македонскиот државјанин Г.К. од Велес, кој го ангажирал К.А. и непосредно пред да тргне на пат му го предал ранецот во кој претходно бил сокриен хероинот да го транспортира кон Австрија.
Вчера, по претходно обезбедени наредба од Истражен судија извршен е претрес во домот на Г.К. во Велес, кој при влегувањето на полициските службеници се обидел да избега, но бил фатен и лишен од слобода. При претресот се пронајдени предмети кои ја потврдуваат неговата инволвираност во транспорти на хероин од Македонија кон земјите од западна Европа.
Од страна на Истражен судија од Основен Суд Скопје 1 Скопје на осомничениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.