Ограбен Бата Живојиновиќ


Српската актерска легенда Владимир Бата Живојиновиќ е жртва на сега засега непознати разбојници, кои ја ограбиле неговата куќа во Корачица.
Ограбувачите од семејната куќа земале две ловечки пушки, пиштол и голема количина на златен накит. Според сознанијата Бата бил ограбен во периодот од 25 ноември до 29 ноември, кога било приметено дека куќата била обиена.

Полицијата во моментов работи на случајот. Велимир Бата Живојиновиќ на крајот од октомври беше пуштен на домашно лекување од Војномедицинската академија во Београд во која беше поради мозочен удар.

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1