Спектакл на природата: Река од лава се влива во Тихи Океан кај Хаваи


Лава од отворот на вулканот Килауе на хавајскиот Голем остров во саботата почнала да истекува и да се влева во океанот. Ерупцијата од вулканскиот отвор Пуо непрекинато трае уште од 1983 година, но ова е прв пат по минатиот декември лава да се влее во океанот.

Вливајќи се во океанот лавата предизвикува редок природен феномен. Брановите ја пресретнуваат лавата недалеку покрај Националниот парк Вулканос во Калапани.

Вулканот што се наоѓа на најголемиот хавајски остров исфрла лава во океанот при што настанува огромно испарување на водата од брановите кои идат во допир со лавата, која доколку не продолжи, според проценките на експертите, би можела да привлече огромен број на љубители на авантури.

И додека туристичките официјални лица очекуваат зголемување на приливот на туристи поради ваквата спектакуларна глетка, судар на бранови и пареа, властите предупредуваат на опасност и повикуваат посетителите да се држат на безбедно растојание и да не ја преминуваат бариерата поставена околу текот на лавата.

– Во судар со океанот, врелата лава создава пареа која може да делува опасно. Таа е кисела и содржи ситни честички од вулканско стакло. Истовремено, брановите за време на сударот со лавата расфрлаат врела вода, предупредува Џенет Баб, портпарол на Хавајската опсерваторија на Геолошкиот топографски институт на САД.

 

 

 

Tags: , , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1