Ајзак Нолтин (12) и Дакота Зимер (13) се запознале на базен и веднаш им тргнал муабетот. Се зближиле и забележале дека си личат. Разговарајќи за себе Дакота, раскажал дека има брат што никогаш не го запознал, а кој го посвоила жена по име Дон. Одговорот на зачудениот Ајзак бил – ,,Мојата мајка така се вика,,
Дон Нолтин (42), шефица во фирма за хемиско чистење, која го посвоиле Ајзак додека бил бебе, планирала да му каже на момчето дека е посвоено истата година но пред почетокот на школската година. Таа знаела дека момчињата може да се сретнат бидејќи се запишале во исто училиште во местото Вашингтон, во Мисури.
Дон мајката на момчињата ја сретнала пред 11 години кога имала само 16 години а била бремена со Ајзак а имала и едногодишно бебе Дакота. Жената се понудила да и помогне и таа да се грижи за Ајзак кога ќе се роди.
Мајакта на момчињата починала во 2007 а нивниот татко една година подоцна. Дакота живее со бабата која се му раскажала за неговите родители како и за братчето.
Ајзак исто така и кажал на мајката која го чува дека си го запознал братот. Момчињата се пресреќни што се пронашле. Како и нивните семејства и се надеваат дека ќе останат блиски.