Милијардер ќе прави колонија на Марс (ВИДЕО)



Елион Маск, милијардерот, основач на компанијата “Spejs X” и коосновач на Тесла Моторс и ПејПал, објави дека планира да прави колонија на Марс.

Смета дека за 20 години 80.000 луѓе ќе го населат Марс – но нема да им дава џабе – кој ќе сака да се пресели на Марс ќе мора да плати 500.000 долари по човек.

Според планот прво би заминала мала група од десетина луѓе кои до Марс ќе отидат со опрема и материјали за изградба на куќи, пренесува Дејли мејл.
Би требало да се изградат и куполи за да се одгледуваат житарки и зеленчук од Земјата. Со помош на дополнителна опрема од атмосферата на Марс би се произведувале ѓубриво, метан и кислород, куполите би биле под притисок на јаглерод диоксид за да може да се одгледува храна од земјата.
„На Марс може да се почне развојот на самоодржливата цивилизација и тоа може да прерасне во нешто навистина големо“, изјавил Маск.


Планот за колонизација би чинел околу 36 милијарди долари. А Маск смета дека помош од владата од 0,25 или 0,05 насто од бруто домашниот производ би била доволна.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1