Затворени 132 сајта поради продажба на фалсификувана роба


 

Во заедничка акција на американските и царинските служби од европските држави: Белгија, Данска, Франција, Романија и Велика Британија, една личност е уапсена, а 132 сајтови се затворени, поради продажба на фалсификувана роба.


Од 132 затворени сајтови, 101 се од САД додека, 31 се од Европа.
Директорот на Американската имиграциска и царинска служба Џон Мортон, изјави дека на сајтовите се огласил широк спекар на фалсификувани производи, вклучувајќи и спортска опрема на „Најк“, луксузна роба на Хермес и носилки „Ergobaby“.
„Тоа не е голем проблем само на американската индустрија, туку и за закоските индустрии во Европа и Азија и секаде во светот. Помислете само на изгубените работни места и изгубените даночни приходи“, изјавил Мортон.
Во последните пет години трговијата по пат на интернет и се поедноставното правење на сајтови, овозможуваат вистинска експлозија на продажба на фалсификувана луксузна роба, која производувачите на оригиналот ја чини 10% од приходот.
Порано без проблеми се откривале фалсификувани производи од Киа, нивниот транзит преку Дубаи и префрлувањето на бродовите во Европа и САД.
„Денеска се соочуваме со нешто сосема различно, кога имате можност да купувате од дома преку интернет, примате понуда да купите фалсификат“, се жалат произведувачите.
Во ЕУ во периодот меѓу 2009 и 2010 година, е двојно зголемена заплената на фалсификатите, а според податоците на агенцијата „Frans pres“, само 2010 година се запленети 103 милиони артикли воглавно од Кина, во вредност од 1,1 милијарда евра. Повеќе од 50% на запленетата роба во 2011 година биле часовници, козметика и парфеми.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1