Мрачните тајни на Псај – пејачот на „Gangnam“


Псај е уметничкото име на кореанецот кој се вика Парк Џае-Санг. Својата кариера ја започнал во 2001 година и за кратко време станал популарен во својата земја. Но, не било се така сјајно.

Младиот Псај е фатен како пуши марихуана и поради тоа завршил во затвор.

– Тогаш бев многу млад. Имав 23 години и многу ми беше страв што ќе се случи со мене. На посета смееја да ми дојдат само моите родители, изјавил Псај пренесува магазинот „Ok“.

– Родителите не ми даваа подршка додека бев во затвор. Тато ми порача да ги искористам деновите поминати во затвор за да се одвикнам од цигарите, додал кореанецот.

Три години откако бил уапсен, го погодила уште една лоша вест. Дедото со кого бил премногу близок починал, а Псај не можел да замине на погреб. За ова признава дека никогаш нема да може да си го прости.

Веднаш откако излегол од затвор, медиумите го игнорирале, но тој сепак го објавил албумот „Sa2“ кој бил забранет за малолетници.

2003 година морал да отслужи и војска која во Јужна Кореја трае од 24 до 28 месеци, но поради концерт бил обвинет дека не ги извршува своите должности, па добил дополнителни 2 години служење воен рок.

Незгодите го следеле овој кореанец на секој чекор, но сепак не се откажал.

Се оженил и е татко на близнаци, а после „Gangnam“ по се изгледа дека неговиот живот тргна на подобро.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1