Пијан скопјанец фрлил молотов коктел на Американската амбасада – еве кој филм го испровоцирал


 

Синоќа, нешто пред полноќ, пијан скопјанец фрлил молотов коктел кон главниот влез на американската амбасада во Скопје, но не е причинета некоја поголема материјална штета.

Скопјанецот гледал филм, се испровоцирал, па го фрлил Молотовиот коктел. Бегајќи со своето возило југо направил и сообраќајка, па на жената со чиј автомобил се судрил и` се пофалил дека „ги запалил Американците“.

Потоа дошла полиција, која утврдила дека „бомбашот“ е пијан, имал 1,59 промили алкохол во крвта.

Се работело за 37-годишниот скопјанец А.Н. тој на полицајците им раскажал дека гледал филм на телевизија па се испровоцирал.

Трилерот што синоќа го револтирал триесет и седумгодишниот скопјанец да фрли молотов коктел врз амбасадта на Соединетите Американски Држави во Скопје бил прикажуван синоќа од 20,15 часот на првата програма на МТВ.

Како што пишува Нет прес се работи за филмот “Без одбрана“ (Defenseless) на режисерот Мартин Кемпбел од 1991 година.

Напаѓачот на американската амбасада веќе имал полициско досие поради тешки кражби.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1