Половина милион кондоми утре ќе бидат поделени низ Македонија. Ќе се делат по плоштади, трговски центри и други локации. Министерството за здравство со оваа акција ќе го одбележи Светски ден за борба против ХИВ/СИДА.
Весникот „Вест“, објави дека кондомите кои беа залепени во денешниот број на весникот биле дел од оваа кампања и се подарок од Министерството за здравство.