Крадецот кој пред 10 дена среде бел ден украде пежо во Белград се пишмани откако медиумите почнаа да пишуваат за случајот и објавија фотографии од кражбата.
И се јавил на сопственичката на пежото Ивана Арбутина и и кажал дека колата е паркирана во Мирјево. Таа отишла на посоченото место и си го нашла автомобилот.
,, ми се јави, се извини и рече дека не знае што му станало. Едноставно неможел да одолее кога видел дека клучот е паднат до автомобилот,, изјавила Ивана која несмано излегувајќи од автомобилот и испаднал клучот на тротоарот. Целиот случај го снимиле безбедносните камери од хотел и банка кои се наоѓаат во близина, а медиумите ги објавија фотографиите.
За жал кога го нашла автомобилот го немало клучот ноту радиото. Автомобилот во моментов е во полиција на вештачење за да се најдат отпечатоци од прсти, а полицијата се уште трага по крадецот.