Млекото штити од карцином на црева



Според група на Шведски научници, протеините кои се наоѓаат во млекото можат значително да го намалат ризикот од појава на карцином на црева, но исто така и да го забават растот на веќе постоечкиот тумор на цревата – јавува Journal of Dairy Science.

Според научниците кои го анализирале протеиниот laktofericin 4-14, дошле до заклучок дека овој протеин има значајна улога во намалување на способноста на делбата на туморозните клетки.

Науниците сметаат дека доколку овој протеин се издвои и се употреби како терапија, значително ќе помогне во сузбивање на цревните и некои други видови на тумори бидејќи лактоферицинот 4-14 го намалува оштетувањето на ДНК, а со тоа и способноста на една клетка да малигнизира. Млекото е особено богато со овој протеин.

Научниците направиле истражувања во врска со делувањето на млекото, односно протеините на млекото и сузбивањето на карциномот на црева и добиле позитивни резултати.

Овој тип на лактоферин од млекото можно е позитивно да делува и во спречување на карциномите и од другите ткива, но научниците сега засега можат да го докажат само неговото влијание врз клетките на цревата

Андријана Станојовска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1