На YouTube често може да наидете на блокирано видео бидејќи се наоѓате во Македонија. Ова билo инспирација за еден германски средношколец, познат како Малте.
Тој бил исфрустриран од некои компании, како ГЕМА, која го забранувала гледањето на нејзините видеа за сите кои се наоѓаат во Германија.
Посебна причина за ова нема, па оттука доаѓа и мотивот на Малте да го создаде ProxTube.
Тоа е бесплатен додаток за Мозила и Хром кој им дозволува на луѓето од целиот свет да гледаат видеа на YouTube кои обично би биле забранети за нив. ProxTube работи на сервери во САД кои автоматски ги одблокираат видеата. Така, корисниците може да пристапат до видеото исто како да се наоѓаат во земја без такви забрани.
Пораката на Малте до оние кои ги блокираат видеата за одредени региони е едноставна и моќна: „Вие очигледно сѐ уште не сте пристигнале во дигиталната ера и не ја разбирате целта на интернетот. Вие сте тие кои најмногу губите со оваа постапка. “
Превземено од – Факултети.мк