Водата од чешма – најголем непријател за корпорациите кои флашираат (Видео)



Еколошки гледано флашираната вода е апсолутна катастрофа. Откако ќе се потрошат огромни количини нафта за да се произедат пластичните шишиња, после пак се јавува проблем откако ќе се употребат.

Завршуваат на депонии или се палат што пак доведову до испуштање на смртоносни плинови. Голем дел од шишињата од америка пак завршуваат во Индија каде се создаваат планини од отпад – што е па потполно нов проблем.

Фирмите кои продаваат флаширана вода трошат милиони како би ве убедиле дека водата од чешма не е здрава. НО ТОА НЕ Е ТОЧНО.

Можеби има делови на планетата, земји каде водата од чешма е загадена, но во најголемиот дел од светот докажано е дека оваа вода е и поздрава и побогата со минерали, а и побезбедна за пиење од флашираната.

,, наш најголем непријател е водата од чешма.. изјавил челникот на Пепси, а во филмот се додава и дека одговорноста што и во некои земји водата не е со добар квалитет пак е на терет на оние компании кои произведуваат отпад кои не се разградува.

На крајот на краиштата овој филм говори дека всушност плаќате за нешто за што навистина не ви треба.

Купувате вода, а ја имате – од чешмите.
Погледнете го видеото, па можеби ќе се предомислите пред повторно да купите вода во шише.


MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1