Научниците открија голема тајна за сидата


На праг сме еден ден да ја искоренеме сидата, тврдат научниците од универизтетот Џорџ Мејсин во САД кој открија зошто смртоносниот ХИВ вирус напаѓа одреден тип Т клетки во човечкиот организам. Ова револуционерно откритие во годините пред нас ќе го промени начинот на лекување од сида, тврди професорот Вајфенг Вонг.

“ХИВ вирусот напаѓа само одреден вид на имуни клетки или бели крвни зрнца познати како Т-клетки. Истражувавме зошто ХИВ ги напаѓа токму тие клетки, додека другите не ги допира. Тоа е така бидејќи овие Т клетки во својата меморија имаат разни вируси, односно, веќе се бореле против други болести. Така што, ХИВ вирусот не напаѓа невини Т клетки кои никогаш не воделе битка против другите вируси”, вели Вонг, и додава дека ХИВ има способност само за три четири дена да убие милиони имуни Т клетки.

“Тоа претставува огромна опасност бидејќи Т клетките им помагаат на имунолошкиот систем телата да ги организира во борбата против инфекција. Смртта на голем број одбранбени клетки со меморија од други вируси доведуваат до уништување на имуносистемот, а подоцна и до појава на сида или некои други болести”, објаснува Вонг.

Откриен идентитетот на авторот на вирусот СИДА?

Научниците се обидуваат да пронајдат лек или начин како кај заразените луѓе да ги “згаснат” нападнатите клетки, а притоа да не ги оштетат невините Т клетки, а ако во тоа успеат ќе имаат можност да ја лекуваат, па еден ден дури и да ја искоренат од планетата со помош на некои вакцини.

Експериментите на американските научници од универзитетот Северна Каролина направени на глувци покажуваат дека мајчиното млеко може да го уништи ХИВ вирусот и да ја блокира неговата орална трансмисија.

Иако се верува дека ХИВ позитивните мајки со доењето може да го пренесат на нивните деца, новите наоди покажуваат дека поголемиот дел од доенчињата сепак, не се заразуваат со вирусот

Share Button
Андријана Станојовска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1