Топ вест во британските медиуми денеска. И официјално принцезата Кејт е бремена. Кралскиот пар, Принцот Вилијам и Кејт Миделтон го очекуваат своето прво дете.
Според CNN преставници од кралската палата и официјално потврдиле дека принцезата е бремена.
Во соопштението од палатата се вели дека таа утринва била примена во Централната болница во Лондон, поради секојдневна утринска мачнина, и се очекува да биде задржана неколку дена поради детални испитвања.
Вилијам и Кејт се во брак 19 месеци.