Се преврте автобус кај стража – повредени 6, од нив 2 деца


Околу 06 часот утринава мини-бус на превозната компанија „Еуро бус“ од струшкото село Велешта се превртел на магистралниот пат Гостивар – Кичево, кај м.в. „Сретков Мост“.

Шест патници се здобиле со лесни телесни повреди, меѓу кои и две деца.

Како што пренесува Инпрес со комбето марка „Мерцедес“ со охридски регистарски таблички управувал 40-годишниот Ш.Ж. од струшкото село Велешта. До несреќата дошло кога возачот изгубил контола над возилото и се превртел на магистралниот пат.

Меѓу повредените се и брачна двојка од Кичево и нивните деца кои биле пренесени во гостиварската болница. Сопругата поради скршеница на клучната коска од левото рамо е префрлена на натамошно лекување на скопските клиники, а останатите членови на семејството поминале со лесни телесни повреди.

Во несреќата бил повреден и 19-годишен патник од Велешта, син на управувачот со мини-бусот, како и 22-годишна девојка од Кичево.

foto – inpress

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1