Принцезата Кејт е бремена – палатата потврди – на пат е кралското бебе


 

Топ вест во британските медиуми денеска. И официјално принцезата Кејт е бремена. Кралскиот пар, Принцот Вилијам и Кејт Миделтон го очекуваат своето прво дете.

Според CNN преставници од кралската палата и официјално потврдиле дека принцезата е бремена.

Во соопштението од палатата се вели дека таа утринва била примена во Централната болница во Лондон, поради секојдневна утринска мачнина, и се очекува да биде задржана неколку дена поради детални испитвања.

Вилијам и Кејт се во брак 19 месеци.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1