Поскапе бензинот – за половина денар


Малопродажните цени на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ се зголемуваат за половина денар.


Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 80,50 денари за литар, на Еуросупер БС-98 – 82,00 денари за литар и на Еуродизел 73 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за еден денар и ќе изнесува 62 денари за литар, а на мазутот цената се намалува и ќе се продава по 42,241 денар за килограм.

Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-дневен период изнесуваше 110,05 долари за барел и е за 1,54 проценти повисока од просечната цена на сурова нафта по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-дневен период изнесуваше 47,6 денари и е за 1,16 отсто понизок од курсот на доларот по кој беа формирани цените.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1