Ред Бул Рејсинг им подели на вработените 10 милиони евра


Откако Германецот Себастијан Ветел ја одбрани титулата светски првак во Формула 1, Ред Бул Рејсинг ги награди сите вработени со бонуси од 12.000 до 50.000 евра. Вкупно ќе им подели на 550 вработени 10 милиони евра.

најмалку добиваат хигиеничарките и оние од рецепција, по 12.000 евра, инженерите пак ќе добијат 50.000 евра.

„Премиите се дефинирани и на нив има право секој наш вработен.”, потврди Хелмут Марко, еден од челниците во компанијата.

Колкава награда ќе добие трикратниот светски првак Ветел сè уште не е познато.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1