Мобилниот BlackBerry експлодирал – живи ќе изгореле, 11 год дете има изгореници (Фото)


11 годишно дете се здобило со изгореници кога мобилниот телефон BlackBerry самиот од себе експлодирaл и предизвикал пожар на неговиот кревет.

Kian McCreath, се разбудил вриштејќи со залепена пластика на неговата нога откако телефонот на неговиот брат експлодирал самиот од себе и го опожарил неговиот кревет.

Детето е веднаш однесено во болница, а мајката Сара успеала да го изгасне пожарот.

Семејството бара од производителот на BlackBerry итно да го повлече од продажба телефонот марка Curve 9320 додека не се испита како и зошто експлодирал самиот од себе.

Телефонот бил нов, подарок за роденденот на нејзиниот 13 год син и тоа купен само неколку дена претходно, тие и ја чуваат кутијата се уште како и сметката од продавницата на Vodafone во Бирминген.

Телефонот бил на масичката меѓу двата кревета на братчињата кој ја делеле собата.

Среќа што кога експлодирала пластиката се залепила на ногата на 11 год дете па тој вриснал, доколку не било така трагедијата би можела да е поголема зошто запалени делчиња паднале на душекот и пожарот брзо се ширел. Но поради врисокот родителите веднаш дотрчале и успеале да го изгаснат пожарот.

Компанијата Mason им понудила да им даде нов телефон, но тие не сакаат и децидни се дека бараат да го повлечат од продажба додека не се утврди дека е безбеден и дека нема на друга фамилија да и се случи истото. ,, тој телефон е опасен и мора да се тестира, ова е телефон кој е популарен и го имаат милиони деца,, децидна е мајката на несреќното момче.

Од Vodaphone изјавиле дека ќе го тестираат телефонот кој експлодирал и детално ќе го испитаат за да утврдат што точно се случило.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1