Вистината, генерално земено е дека Европејците се прилично здрави луѓе. Животниот век на траење на животот во ЕУ членките се има зголемо за шест години, 75 кај мажите и 82 години кај жените, во периодот од 1980 година до 2010 година.
Неодамна објавениот извештај на Организацијата за економска соработка и развој, покажал дека распространетоста на болестите како дијабетис и астма се зголемени, делумно поради основните причини како што се пиењето, пушењето и јадењето храна.
Алкохол:
Листата за најголем број на конзументи на алкохол се жителите на Луксенбург, кој во просек конзумираат преку 15,3 литри по глава на жител годишно. Ваквиот просек е зголемен за 12% од 1980 година. Покрај Луксенбург, на оваа листа на врвот се наоѓаат и Латвијците и Романците.
Од друга страна Италијаните го намалија конзумирањето на алкохол за речиси 15 % од 1980 година. Алкохолот е трет водечки фактор на ризик за заболување по тутунот и високиот крвен притисок.
Стапката на дебелина пак е двојно зголемена во текот на изминатите 20 години во ЕУ. Унгарците се најдебели луѓе во ЕУ, следени од Британците. Романците пак комшиите на Унгарците се најотечени. Авторите на голем број на студии забележуваат на даноците на мастите и шеќерот кои што неодамна ги донесоа Финска, Франција и Унгарија. Данска пак ги имаше укинато откако увидоа дека прават преголема штета по здравјето на потрошувачите.
Физичка активност:
Генерално само едно од пет деца во ЕУ вежбаат редовно. Само 7 % од девојчињата и 12% од момчињата имаат пријавено физичка активност. Во ваквите истражување се покажале дека Австријците се најактивни.