Транспаренси: Македонија треба да поработи на зајакнување на борбата против корупцијата


Корупцијата продолжува да ги пустоши општествата ширум светот. Две третини од 176 рангирани земји во индексот на перцепција на Транспаренси Интернешнал за 2012 година имаат оценка пониска од 50 на скалата од 0 до 100. Ова покажува дека јавните институции треба да бидат многу потранспарентни, а функционерите поодговорни.

Македонија доби 43 поени и со ова бодување го зазеде 69 место со кое се вбројува во групата на држави кои имаат оценка под 50.

Соседните држави, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Бугарија, Србија, Грција, Косово и Албанија сепак се најдона на пониска позиција од земјава.

Ваквата оценка за Македонија претставува сериозен индикатор дека земјава треба да поработи на зајакнување на активностите за борба против корупцијата, особено во најчивствителните сектори како што се судството и политиката кои всушност се и гаранција за спроведување на демократијата.

– Приоритетите вклучуваат подобри правила на лобирање и политичко финансирање, правејќи го јавното трошење и договарање потранспарентно, како и да се има поголема одговорност на јавните институции кон граѓаните – смета Хјуџит Лабел, претседател на Транспаренси Интереншнл.

Тој додава дека резултатите на Индексот на перцепција на корупција 2012 демонстрираат дека општествата продолжуваат да плаќаат висока цена од корупцијата.

Во Индексот на перцепција на корупција 2012, Данска, Финска и Нов Зеланд делат прво место со оцена 90, со помош на силниот пристап до информациските системи и правила со кои се регулира однесувањето на лицата кои се на јавни функции.

Авганистан, Северна Кореја и Сомалија повторно се на дното на листата.

 

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1