Кога Андреа Арагон посетила лекар поради чудното протекување на носот, истиот и рекол дека станува збор само за алергија. 35 годишната мајка од Тусон Аризона, секој пат кога ќе ја наведнела главата кон напред, постојано од нејзината лева ноздра истекувала течност.
Загрижена за нејзината состојба таа посетила специјалист на Универзитетот во Аризона, кој што открил дека всушност станува збор за цереброспинална течност, односно претекување од пукнатина во задниот дел од нејзиниот сфеноидалниот синус, нешто кое што би можело да ја убие.
Овој случај е познат и како цереброспинана течност ринореа, кој се случува кога течноста која што го опкружува мозокот протекува низ носот. Иако ваквиот случај е редок, овие протекување се опасни и можат да доведат до инфекција и да резултираат до менингитис.
Овие случаеви можат да бидат предизвикани од притисок или трауматски повреди. Специјаен тим на хирурзи од Аризона, успеале да го поправат протекувањето со користење на ендоскопска постапка. Арагон во моментов се опоравува од опоравува од оперативниот зафат и е благодарна до тимот на хирурзи кои што се погрижиле, што ќе може уште некое време да ги гледа нејзините три деца.