Гејша – ама машко!! Синот на гејша оди по стапките мајка си (Видео/Фото)


Во денешна Јапонија, гејша изведувачите се вистинска реткост надвор од висококласните области за забава во големите градови и одморалиштата со топли извори.

Ова се должи на променетата Јапонска економија и корпоративните забавни полиси кои ја направија веќе и онака високата цена на гејшата уште толку понедостапна. Пред 100 години, во Јапонија имало повеќе од 80.000 гејша изведувачи. Денес таа бројка изнесува околу само 1000.

Еитаро е единствениот машки гејша денес кој настапува во улога на женски танцувач. Тој е сопственик на окија, куќа за гејша во областа Омори, во Токио.

Во раниот 20-ти век, Гејша културата цветаше во Омори за време на брзиот пораст на Јапонската индустриска економија. Но до крајот на 1980-тите, и последната локална гејша ги затвори вратите на својата окија. Mајката на Еитаро, талентирана и харизматична гејша, го посвети својот живот обидувајќи се да ја врати локалната гејша култура „на нозе“ се до својата смрт, пред три години.

На 10-годишна возраст, Еитаро прв пат почнал да настапува како женски изведувач на забавите на неговата мајка. Започнал да учи традиционални танци на негова 8-годишна возраст и за прв пат настапил на Јапонскиот национален театар кога имал 11 години.

Еитаро сега е популарен и баран како сценски изведувач и телевизиска личност. По смртта на неговата мајка, тој ја презема нејзината улога како сопственик на окија и заедно со неговата сестра, Маика, надгледуваат група од 6 геијша изведувачи.

Гејша за прв пат се појавиле во Јапонија во доцниот 17-ти век, како група од машки изведувачи во областа за забава, кои ги забавувале гостите кои сакале да поминат време со најпопуларните и најталентирани куртизани.

Жени за прв пат почнале да тренираат за гејша во средните 1700-ти и до крајот на 19-тиот век гејша станала примарно женска професија.

Денес сеуште постојат машки гејша кои се облекуваат во машко кимоно и вообичаено настапуваат како тапанари и пејачи заедно со женска гејша. Еитаро е единствениот машки гејша кој настапува со женска улога.

Неговата популарност како забавувач му овозможува нему и на неговите гејша често да настапуваат на приватни гејша забави, јавни сценски настапи и јавни настани.

Ирма Башеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1