Откриен дедото на диносаурусот – не биле тие најстари жители на планатета


Научниците врз основа на коските кои што ги пронашле во Танзанија, дошле до фантастично откритие – во рацете ги имале најстарите видови на диносауруси кои се нарекувале „Nyasasaurus parringtoni“.

Познатиот предок на влекачите долг речиси три метри, се движел на две нозе и живеел пред 243 милиони години.
Коските зглобовите и шесте пршлени биле пронајдени пред 80 години, а сега конечно се идентификувани како дел од најстариот диносаурус на светот.
Научниците веруваат дека станува збор за припадник за новоименуван вид „Nyasasaurus parringtoni“, кои се движел исправено, билг долг два до три метри, а до колкот бил висок еден метар. Тежел помеѓу 20 до 60 килограми.

Фосилните остатоци од праисториските гиганти биле пронајдени на територијата на Танзанија и се стари речиси 243 милиони години, дури 10 милиони години пред најстарите познати диносауруси.

Стеркинг Несбит, истражувач на Универзитетот во Вашингтон и водач на студијата, вели дека коските на новооткриените видови, им дале увид на бројните карактеристики на диносаурусите онакви какви што човекот досега ги има земено во предвид. Во време кога сите овие рептили се движеле по Танзанија, овој регион би дел од огромно копно, Пангеа за тој период единствениот контингент.
Несбит изјавил дека дури и ако тоа не е најстариот диносаурус кој некогаш живеел, сигурно е дека ова се коски на најстарите диносауруси кои биле откриени.

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1