Тивката војна започна: Американските дронови надлетуваат над Иран, но, некои не се враќаат во базите


По речиси една година од денот кога Иран го шокираше светот, соборувајќи еден воен американски дрон кој леташе преку нивниот воздушен простор, Иран повторно објави заробување на уште еден американски дрон.
Овој дрон е од видот „Boeing ScanEagle“, кој бил заробен во последните неколку дена преку иранската територија, од страна на поморските единици на исламската револуционерна гарда. Ова претставува најново кршење на иранскиот воздушен простор од страна на американското беспилотно летало во последните неколку месеци.

Според Ројтерс:

Во ноември, Соединетите Американски Држави изјавиле дека иранските воени авиони отвориле оган врз американското надозрно беспилотно летало. Иран соопшти дека авионот навлегол во нејзиниот воздушен простор и изјавил дека ќе одговори силно на кое било странско вмешување во нејзиниот простор.
Исто така минатиот месец, иранскиот амбасадор Мохамед Кхазае се пожалил на Обединетите нации, за повторното кршење на иранскиот воздушен простор од страна на САД, опишувајќи ги овие надлетувања, како незаконски и провокативни.
Мохамед тврди дека овие машини на САД навлегле во јужниот дел на Иран седум пати во октомври, околу градот Бушер, каде што се изградени нуклеарните централи на Иран.
Боингот ScanEagle не е до толку софистициран како топ-тајниот крилест лилјак RQ-170 – сентилен маскиран дрон, кој беше заробен минатата година. Тоа е во основа 3 метарски напреден модел на авион, кој е опишан како мало, ефтино, долготрајно, издржливо беспилотно летало.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1