1.400 нови Мицибушија потонаа за 15 минути – 5 морнари загинаа


Пет морнари загинаа, а шестмина се сметаат за исчезнати во судир на два брода во пределот на Северното Море.

Во несреќата потонаа и 1400 нови Мицубиши автомобили. бродот го проголтала водата за само 15 минути. Дел од преживеаните членови на екипажот успеале да скокнат во чамците за спасување, додека за останатите била започната потрагата од страна на холандската крајбрежна стража. Веројатноста да се пронајдат други преживеани е се помала, поради студената вода и влошените временски услови.

Причината за несреќата се уште се истражува, но грчкиот сопственик на еден од бродовите смета дека станува збор за човечка грешка.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1