Кому му треба перика кога постојат вакви неверојатни тетоважи?
Ан МекДоналд, 60, докажа дека не ви е потребна коса за да изгледате супер. Бабата од Единбург страда од алопециа и поради тоа таа е сосема ќелава последниве 3 години.
Наглото опаѓање на нејзината коса ја погодило Ан. „Станував се подепресивна затоа што немав коса, се чувствував грдо со ќелава глава и понекогаш само лежев во кревет и плачев“.
МекДоналд експериментирала со перики но вели дека ниту една не стоела добро. Тогаш добила совршена идеја кога случајно налетала на слика на интернет од жена со истетовирана глава.
„Веднаш знаев дека тоа е тоа што го сакам“ – вели Ан.
Била одбиена од три салони за тетовирање, но на крај тату-артистот Пит Гилеспи, од Делкеит се согласил да ја истетовира Ан. Сета работа траела вкупно 12 часа и чинела 1,159 долари, и како што вели Ан, вредела до последниот цент.
Не само што има сопруг и пет деца кои ја сакаат и поддржуваат, туку и колегите од работа и велат дека тетоважата е фанастична. Ан признава дека сега е многу посреќна и дека тетоважата е подобра од било каква перика.