Во текот на вчерашниот ден за само пет часа исчезнале три лица од Скопје и едно од Кочани.
Според информациите во 14 часот во полициската станица во Бит Пазар мајка пријавила дека од својот дом исчезнала нејзината ќерка, 15 годишната Е.Е.
за само еден час подоцна било пријавено исчезнувањето на 14 годишна малолетничка исто во Скопје. Во 16 часот пак семејството пријавило дека исчезнала и 44 годишна скопјанка во Аеродром.
Последниот случај бил пријавен во Кочани каде како исчезната се води 14 годишната С.Н.
Од МВР информираат дека превземаат интезивни мерки за пронаоѓање на исчезнатите.