Козметиката за деца добро делува и на возрасните, производите се поблаги и поделотворни, па пробајте почесто да ги користите
Доколку имате проблеми со црвенилото на кожата, иритации, лузни кои бавно заздравуваат, секако би требало да пробате детски крем против осип бидејќи не создава нови иритации.
Детска пудра
Нешто што секоја жена би требало да го има во својата козметика. Посебно е добра во овие високи температури, бидејќи пудрата можете да ја користите за кожата да ви остане мека, но не и леплива. Многумина ја користат бебешката пудра и како шампон за суво миење на косата бидејќи добро ги впива маснотиите.
Детски лосион за тело
Детските лосиони доволно ќе ја нахранат вашата кожа за да биде свиленкасто мека.
Детски шампони
Доколку имате проблеми со косата или скалпот, пред да посегнете кон скапи третмани, обидете се да го промените шампонот и да купите некој од бебешката линија. Разликата сигурно ќе биде забележлива.
Креми со заштитен фактор
Сонцето може многу да ѝ наштети на вашата кожа, а детските креми со висок заштитен фактор добро ќе делуваат на неа и ќе ја заштитат од негативниот ефект на сончевите зраци.