Очаен возач на комбе држејќи се само за ивиците околу 2 километри се возел на кровот на своето комбе кое крадци сакале да му го украдат. Целата драма била регистрирана и фотографирана од уличните безбедносни камери.
Полскиот доставувачот носел чевли за Англија и комбето го паркирал пред хотелот во градчето Вилемомбле каде требало да преспие. Погледнал од прозорецот и видел како крадци му го обиваат комбето. Бос и само по мајца истрчал надвор и успеал да се качи на кровот.
Едвај се додржал додека крадците возеле брзо низ улиците. Поминале неколку километри и крадците застанале на црвено светло. Човекот тогаш скокнал ја отворил вратата и го грабнал возачот за гуша. Другитот крадец избегал.
Портпаролот на полицијата во Париз ијавил дека човекот го чувал крадецот се додека не дошла полицијата.
,, го фати и крадецот а си ја зачува и робата која ја пренесувал а која крадците сакаа да ја украдат,, изјавиле во полицијата.
Крадецот е во притвор, а се трага и по соучесникот. Човекот си го продолжил патот накај Англија.