Возач на камион на „Комунална хигиена“ додека го чистел снегот влетал во куќа во населбата Тафталиџе.
Според информациите тој почуствувал здравствени проблеми додека се движел по една споредните улици на скопската населба Тафталиџе.
Во близина на катастарот повеќе немал сила да држи контрола над камионот и на улицата „Дрезренска“ влетал во еден од дворот на куќите, пишува Нова Македонија.
Од ударот на возилото урната е дрвената ограда, за среќа нема повредени лица во објектот, причинета е само материјална штета. Според очевидците веднаш била повикана Итна помош и возачот е пренесен во болница.
Според информациите на Курир пак, возачот починал на самото место, а совозачот е неповреден. Ќе се врши увид од страна на полицијата на местото на несреќата.
Фото – Нова Македонија