Во текот на ноќта и утринав на градските сообраќајници се фрлиле над 200 тони индустриска сол, а екипите интезивно го расчистуваат снегот од коловозот.
Јавното претпријатие „Улици и патишта“ на терен интервенирале со 23 возила – соларки и соларки со плуг на сите булевари во надлежност на Град Скопје.
Информации за состојбата со автобуските линии на јавниот градски превоз може да се добијат од диспечерската служба на ЈСП-Скопје или на интернет страницата на јавното претпријатие