Грозоморен чин: Бунтовниците во Сирија натерале дете да му ја отсече главата на еден заробеник


Страшна снимка објавена на Јутјуб, на која е прикажано како сиријските бунтовници тераат дете да ја отсече главата на еден невооружен заробеник. На снимката е видливо како детето со мачета му ја отсекува главата на заробеникот кој лежи на земја со врзани раце. Потоа се гледа трупот и пресечената глава, а мажите, бунтовници, скандираат „Алах екбер“ и „Господ е голем“. Телевизијата ,,РТ,, ја објави снимката.

Застрашувачката и вознемирувачка снимка веднаш е отстранета од Јутјуб. Овој е последен во низата згрозувачки инциденти кои станаа се почести во последните неколку месеци. Во понеделникот беа убиени 13 војници во заседа.

Двете страни до сега одиграа голема улога во убивањето на 40 илјади луѓе откако почна бунтот против претседателот Башар Ал Асад.

 

Share Button

Tags: , , , , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1