Фармерот Лиу Кијуан од Кина, Кијуан во дворот на својата куќа во селото Куинтун, во близина на Пекинг, изградил топки – кожурци за кои тврди дека можат да го преживеат апокалиптичниот удар.
Фармерот го гледал филмот ,,2012,, и почнал да ги гради топките од плексиглас.
Изградил седум и вели неговиот дизајн може да плута по вода и херметички се затворени. Некои имаат сопствен погон, а во внатрешноста се опремени со боци со кислород.
Една топка собира 14 луѓе, а специјалниот дизајн овозможува топката да остане во исправена положба дури и кога се во вода.
Фармерот ги продава топките. Дури се надева дека странските државни служби и меѓународните организации ќе го откупат неговиот дизајн и ќе ги искористат во случај на цунами и разорни земјотреси.