Никако не ги тријте рацете, не се лепете до печка или греалка – Прва помош при смрзнатини


Доколку вашата кожа е многу ладна, изгледа бело или сиво-жолтеникаво, и е цврста или изгледа како да е полиена со восок, вие можеби имате смрзнатина.

Кожата исто така може да ве чеша, гори или да е без сензибилитет. Како што вашата кожа ќе се затоплува таа ќе станува црвена и болна.Постепено затоплување на кожата е клучен третман за лекување на смрзнатината. Делови од телото кај што има најголема веројатност да се јават смрзнатини се рацете, нозете, носот и ушите.

Еве што треба да превземете

– Заштитете ја вашата кожа од понатамошно смрзнување. Ако сте надвор заштитете ги вашите раце со нараквици. Заштитете го лицето, носот и ушите. Не ја тријте зафатенате регија и не ја тријте со снег.

– Тргнете се од ладното. Откако ќе влезете во затворен простор отстранете ја влажната облека.

– Постепено загревајте ги смрзнатите делови. Ставете ги рацете или нозете во топла вода (40-42 Ц). Замотајте ги, или покријте ги зафатените делови со топло ќебе. Не користете директен извор на топлина, како печка, греалица, камин…

– Немојте да одите ако смрзнатината е на нозете или прстите. Ова предизвикува понатамошно оштетување на ткивото.

– Немојте повторно да се изложувате на ладно ако има шанси пак да се јават смрзнатини. Ако афектираната регија веќе се стоплува, заштитете ја за да не се олади пак.

– Побарајте медицинска помош. Ако кожата поцрвенува и има чувство на мравење тоа значи дека се враќа циркулацијата.

Но ако при загревање сеуште постои безчувствителност на кожата тогаш побарајте медицинска помош веднаш.

Андријана Станојовска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1